More

    Американскиот глумец Хоакин Феникс изгуби свест при снимањето на неговиот нов филм – „Бју е исплашен“

    spot_img

    Американскиот глумец Хоакин Феникс изгуби свест при снимањето на неговиот нов филм – „Бју е исплашен“ (Beau is Afraid).

    Остварувањето на режисерот Ари Астер наводно било толку тешко за снимање, што Феникс во еден миг, просто – паднал. Во оваа хорор-драма, тој глуми параноичен човек кој влегува во мистериозна сообраќајна несреќа, завршува на некое бизарно место и се обидува да се врати кај својата мајка, која ја слуми Пети Лупон.

    Режисерот на хорор-филмови е познат по многу интензивните наративи и експлицитните сцени, а овојпат тие биле премногу напорни дури и за оскаровецот Феникс.

    – Феникс помагаше во сцена со Лупон, па и тој беше во неа. Беше многу интензивна сцена за Пети и таа беше во кадарот, а Хоакин само се урниса. Бев навистина лут бидејќи постигнавме навистина добар кадар – раскажува Астер.

    – Сè тоа ми беше збунувачки, отидов зад аголот и видов дека Феникс колабирал. Знаев тогаш дека тој не е добро, бидејќи луѓето го поткреваа и се обидуваа да му помогнат, а ако дозволил така, тогаш навистина му се слошило… Има нешто поетско во тоа дека паднал „во туѓа сцена“ – заклучи режисерот.

    Планирано е филмот премиерно да биде прикажан на 21 април 2023 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img