Американскиот бизнисмен Илон Маск стана првиот човек кој достигнал нето приход од 400 милијарди долари

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американскиот бизнисмен Илон Маск стана првиот човек кој достигнал нето приход од 400 милијарди долари, објави денеска Блумберг.

Нетото богатство на Маск се зголеми за околу 50 милијарди долари по инсајдерска продажба на неговиот удел во SpaceX, достигнувајќи 439,2 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг.

Акциите на Tesla Inc. се зголемени за околу 65% во однос на периодот пред изборите во САД во ноември, поттикнати од очекувањата дека новоизбраниот претседател Доналд Трамп ќе го насочи производството на самоуправувачки автомобили и ќе ги елиминира даночните олеснувања за електричните возила што им помагаат на ривалите на Тесла.

Во меѓувреме, вредноста на компанијата за вештачка интелигенција xAI на Маск е повеќе од двојно зголемена од мај, достигнувајќи 50 милијарди долари, а Волстрит журнал минатиот месец објави дека победата на Трамп помогнала да се поттикне обновениот интерес за компанијата.

Инвеститорите на SpaceX, пак,  се согласија да купат акции од 1,25 милијарди долари од вработени и други инсајдери на компанијата.

Компанијата заработува голем дел од своите пари од договорите со американската влада, а Трамп неодамна ја пофали визијата на Маск за испраќање астронаути на Марс во предизборните говори и му се придружи на бизнисменот на лансирањето на SpaceX во Тексас веднаш по изборите.

Share This Article