More

    Американскиот актер, рапер, водител и комичар Ник Кенон ќе го добие 12-тото дете

    spot_img

    Американскиот актер, рапер, водител и комичар Ник Кенон ќе го добие 12-тото дете. Поточно, ова ќе му биде трето дете со 31-годишната диџејка Аби Де Ла Роса, потврди таа во вторникот на својот инстаграм-профил. Де Ла Роса е бремена од јуни оваа година, но дури сега на својата инстаграм-приказна потврди дека Кенон е татко на нејзиното дете.

    „Една ноќ со Вага може да се претвори во три-четири години. Бидете претпазливи“, напиша Де Ла Роса, а потоа дополнително се пошегува во својата објава. „По ѓаволите! ЛОЛ, една ноќ многу брзо се претвори во четири години и три деца… Не ја гледам лагата овде“, напиша таа.

    Канон е инаку Вага според хороскоп, а со Де Ла Роса ги има и едногодишните близнаци Зиона и Зилион. Признанието на Де Ла Роса се случи само неколку дена по веста дека Кенон очекува дете со манекенката Алиса Скот.

    Кенон и Скот веќе имаа дете, синот Зен, но бебето почина минатиот декември, а кон крајот на минатиот месец потврдија дека го очекуваат своето второ дете, 11-тото на Кенон.

    Инаку, Кенон ги има и 11-годишните близнаци Марокан и Монро со поранешната сопруга и музичарка Мараја Кери. Тој го има и четиримесечниот син Леџендари со манекенката Бре Тиези, потоа едномесечната ќерка Оникс со манекенката ЛаНиша Кол, како и синовите Голден (5), едномесечниот Рајс и едногодишната ќерка Моќна кралица со моделот Британи Бел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img