Американскиот актер Бери Њуман почина на 93-годишна возраст.
Актерот кој играше во акциониот трилер „Точка на исчезнување“ (Vanishing Point) од 1971 година и серијата „Петрочели“ починал на 11 мај, но веста за неговата смрт беше објавена дури сега, пишува „Вариети“.
Во култниот трилер „Точка на исчезнување“, кој се смета за еден од најважните американски акциони филмови од 1970-тите, Њуман глумеше виетнамски ветеран и поранешен полицаец, како и поранешен возач на трки и зависник од брзина. Наоѓајќи се во незавидна финансиска ситуација, се вработува како доставувач на автомобили, но набрзо се вклучува во криминален заговор.
Њуман е роден во Бостон на 7 ноември 1930 година, каде што студирал на Универзитетот Брандеис. За време на студиите се запознал со познатиот режисер и учител по глума Ли Стразберг, што го поттикнало да почне да глуми. Пред да ја започне својата актерска кариера, Њуман бил во војска, а по воениот рок се преселил во Њујорк за да студира глума во студиото на Стразберг и брзо почнал да глуми на Бродвеј.
Неговата следна главна улога беше во „Адвокатот“, а потоа и во серијата на „Ен-би-си“ „Петрочели“ базирана на филмот, за која беше номиниран за Еми и Златен глобус. Њуман глумеше и во мини серијата „Фатална визија“ и во филмовите „King Crab“, „Bowfinger“ и „Daylight“. Тој, исто така, одигра голема улога во криминалистичката драма на Стивен Содерберг „The Limey“, во која, сосема соодветно, се „врати“ на воланот.
На Њуман пред 14 години му беше дијагностициран рак на гласните жици, поради што беше принуден да се повлече од актерството, но минатата година се појави во инди-драмата „Finding Hannah“.