Северна Кореја соопшти дека американскиот војник Тревис Кинг преминал на нејзина територија во јули поради „нечовечко малтретирање и расна дискриминација“ во армијата.
23-годишниот војник истрчал преку границата од Јужна Кореја на 18 јули додека бил на турнеја со водич.
Кинг признал дека илегално ја преминал границата и побарал азил на северот, јавуваат севернокорејските државни медиуми.
Од Вашингтон беше соопштено дека не е можно да се потврдат овие наводи.
Би-Би-Си јавува дека загриженоста за американскиот војник расте, бидејќи тој не зборува, ниту е виден откако ја преминал границата.
САД се обидуваат да преговараат за ослободување на војниците со помош на командата на ОН, која ја контролира граничната област и има директна телефонска линија со севернокорејската војска.