Американски воен авион V-22 Osprey се урна во близина на остров во западна Јапонија со осум лица, соопшти јапонската крајбрежна стража.
Портпаролот на крајбрежната стража изјави дека статусот на лицата во бродот сè уште не е познат, пренесува Ројтерс.
Портпаролот на американските сили во регионот рече дека се уште собираат информации за инцидентот.
Несреќата се случила околу 14 часот и 47 минути по локално време во близина на аеродромот на островот, а очевидци велат дека левиот мотор на авионот се запалил додека се спуштал, јавуваат јапонските медиуми, повикувајќи се на локалните власти.
Авионот исчезна од радарите во 14:40 часот по локално време, изјави главниот јапонски секретар на кабинетот Хироказу Мацуно.
Во август, американски Osprey се урна во близина на брегот на северна Австралија додека превезуваше војници за време на рутинска воена вежба, при што загинаа тројца американски маринци.