Американски туристи кои ја посетиле Голанската висорамнина во Израел спакувале неексплодирана граната во нивниот ранец, а подоцна предизвикале паника на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив кога истата ја пријавиле при претресот од обезбедувањето, соопштија израелските власти, пренесува Нова.
На видеото кое се појави на социјалните мрежи се гледа како луѓето почнуваат да бегаат кога дознаваат за бомбата.
Управата на аеродромот соопшти дека еден маж е хоспитализиран поради повредите со кои се здобил додека се обидувал да побегне преку подвижната лента за багаж.