Проблемите во банкарскиот систем на САД не се завршени, туку штотуку почнаа, напиша Дејвид Сакс, американски претприемач и милионер, по повод затворањето на 3 големи банки во САД.
Според него, половичните мерки што се преземаат нема да ја сопрат банкарската криза. Тој смета дека „има подлабоки проблеми во банкарскиот систем и сега е време да се решат“.
И Сакс како и повеќето експерти смета дека проблемот во американскиот банкарски сектор е предизвикан токму од инвестирањето во хартии од вредност кое во последните 2 години придонесоа за драстично негативните салда на банките. На ова предупреди и Федералната корпорација за осигурување на депозити.
Тој ги поздрави намерите на федералните регулатори во врска со затворената банка на Силиконската долина и рече дека штетата предизвикана од затворањето нема да се плати со парите на даночните обврзници.
Три големи банки беа затворени во САД во изминатите неколку дена поради, како што се верува, банкарска паника, односно забрзано повлекување на парите на штедачите.
Сакс е основач на социјалната мрежа „Џамер“ (продадена на „Мајкрософт“ за 1,2 милијарди долари) и ко-основач на инвестицискиот фонд „Крафт Венчрс“, тежок околу 2 милијарди долари.
Името на Сакс често се вклучува во т.н „Пејпал мафија“, група основачи и високи функционери на таа служба од почетокот на својата работа, кои подоцна основаа неколку многу важни технолошки компании, меѓу кои Илон Маск, Питер Тиел, Макс Левчин, Џавед Карим…