Американски и европски парламентарци бараат санкции за 7 личности

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Група парламентарци од САД и Европа испратија писма до американскиот државен секретар Ентони Блинкен и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, со барање да се воведат санкции против 7 лица кои, според нивното мислење, се вклучени во руската специјална воена операција во Украина.

На списокот на лица против кои пратениците бараат ограничувања се рускиот бизнисмен Роман Абрамович, директорот на „Норникл“ Владимир Потанин, поранешниот пратеник во Државната дума Магомед Гаџиев, блогерката Ксенија Собчак, композиторот Игор Крутој, директорот на „Росатом“ Алексеј Лихачев, како и украинскиот политичар Вадим Рабинович, кој наводно има блиски врски со Виктор Медведчук.

Писмото е потпишано од копретседателот на Комитетот за европска безбедност и соработка, конгресменот Стив Коен и уште еден член на овој комитет Џон Вилсон, кој објави копија од писмото на својот Твитер. Меѓу потписите се најадоа и  четворица парламентарци од Полска, Литванија, Естонија и Украина.

Share This Article