Американски бегалец обвинет дека лажирал сопствена смрт за да избегне гонење за силување и други дела во САД може да биде екстрадиран од Велика Британија во Соединетите држави, одлучи судијата во Шкотска, нарекувајќи го „нечесен, лажлив манипулатор“.
Човекот на листата на барани лица во САД, кој се викаше Николас Роси во Шкотска, се бори против екстрадиција во САД откако беше уапсен во декември 2021 година во болница во Глазгов, каде што беше примен за Ковид-19.
Американските власти соопштија дека Роси е еден од неколкуте псевдоними што ги користел Николас Алахвердијан (35), обвинет во САД за силување на неговата поранешна девојка и други злосторства.
Роси/Алахвердијан постојано се појавуваше на суд – и на телевизија – во инвалидска количка користејќи маска за кислород. Зборувајќи со британски акцент, тој тврдеше дека е ирско сирак, дека неговото вистинско име е Артур Најт и дека никогаш не стапнал на американска почва.
Бегалецот рече дека властите „го наместиле“, го истетовирале и тајно му земале отпечатоци додека бил во кома – се со цел да го поврзат со криминалец во бегство, и инсистирал дека тој не е тој.
Сепак, судијата во Единбург, Норман Мекфадиен, во средата ги отфрли тврдењата на бегалецот дека властите погрешно го идентификувале.
Министрите во шкотската влада ќе ја разгледаат пресудата пред да одлучат дали да одобрат екстрадиција.
Покрај тоа што беше обвинет за сексуален напад на поранешна девојка во Јута, беше откриено дека Роси/Алахвердијан малтретирал жени во други американски сојузни држави и беше обвинет за измама во Охајо, каде што беше осуден за сексуални престапи во 2008 година.
Пред три години тој на новинарите им кажа дека има рак и дека му преостануваат уште неколку недели живот.
Во некрологот објавен тогаш на Интернет пишува дека починал на 29 февруари 2020 година.
Една година подоцна американската полиција се посомневала и трагала по него.
Тој беше пронајден во британски затвор како Роси, но негира дека е баран.
Тврдеше дека му е лошо, дека може да се движи само во инвалидска количка, дека чуварите насилно го донеле да зборува во судскиот процес.
Психијатрите кои го прегледале не констатирале акутни ментални болести, а друг лекар рекол дека неговите нозе се силни и дека не му треба инвалидска количка. Се појави и видео на кое тој клоца в лице затворски чувар.