Американската вселенска агенција НАСА ги објави резултатите од долгоочекуваната студија за неидентификувани летечки објекти (НЛО)

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската вселенска агенција НАСА ги објави резултатите од долгоочекуваната студија за неидентификувани летечки објекти (НЛО). НАСА минатата година објави дека ги разгледува доказите за т.н неидентификувани воздушни феномени кои го замениле досегашниот термин „НЛО“ во официјалната терминологија.

Неидентификувани летечки објекти, или како што НАСА од неодамна ги нарекува: неидентификувани воздушни феномени, сè уште не се расветлени. Тоа е суштината на долгоочекуваниот извештај кој беше објавен денеска. Од НАСА денеска посочија дека нема причина да се верува дека феномените на небото кои со децении се нарекуваат НЛО имаат вонземско потекло.

-Главниот заклучок од нашата студија е дека имаме уште многу да дознаеме. Независното тело на НАСА не најде докази дека овие феномени се од вонземско потекло, но не знаеме ниту што всушност се тие. И затоа назначивме директор на Одделот за истражување на неидентификувани аномални феномени“ – изјави администраторот на НАСА, Бил Нелсон.

Share This Article