Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите 6 најважни светски валути, утрово се движи околу 105,05 поени, додека во петокот изнесуваше 104,95 поени.
Американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,0715 долари, додека во петокот изнесуваше 1,0718 долари.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна за околу 0,5%, на 153,45 јени.
Цените на нафтата, пак, паднаа, откако минатата недела пораснаа за околу 1 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се лизна за 0,38%, на 73,60 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,48%, на 70,05 долари.