Американската компанија Alphabet, под чие покровителство работи Google, го лансира најновиот модел на вештачка интелигенција Gemini 2.0.
Извршниот директор на компанијата Сундар Пичаи рече дека новиот модел ќе го означи „почетокот на новата технолошка ера“ во развојот на вештачката интелигенција, со модели на вештачка интелигенција дизајнирани сами да донесуваат одлуки за светот околу вас, пренесе France 24.
-Gemini 2.0. е за да ги направиме информациите многу покорисни. Овие достигнувања нè доближуваат до напредната визија на универзалниот асистент – рече Пичаи, истакнувајќи ја подобрената способност на овој модел да го разбере контекстот, да размислува неколку чекори напред и да преземе одредени активности во име на корисникот.
Лансирањето на Gemini 2.0 ги зголеми акциите на компанијата за повеќе од 4% на Вол Стрит, само еден ден откако тие веќе пораснаа за 3,5% по лансирањето на новиот, револуционерен квантен чип.
Квантниот чип Willow е способен да решава сложени проблеми за неколку минути, додека на најбрзиот суперкомпјутер на денешницата ќе му требаат 10 септилиони години за да реши такви сложени операции (септилион е милион до седмата сила).