Американската актерка Ен Хеч во моментот е во стабилна состојба по сообраќајна несреќа во Лос Анџелес

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американската актерка Ен Хеч во моментот е во стабилна состојба по сообраќајна несреќа во Лос Анџелес, пренесува магазинот „Пипл“.

Претставникот за медиумите на актерката рече дека нејзиното семејство во овој момент бара приватност.

„Нејзиното семејство и пријателите бараат да се молите за неа и да ја почитувате нејзината приватност во овој тежок момент“, рече тој.

За потсетување, поранешната партнерка на водителката Елен Деџенерис и добитничка на наградата Еми, во петокот наутро околу 11 часот удрила со својот Мини Купер во гаража во населбата Мар Виста. Автомобилот и куќата се запалиле, а Хеч била извлечена од урнатините и ставена на носилки пред итно да биде пренесена во болница.

Иако автомобилот е регистриран на Ен Хеч, се уште не е потврдено дали актерката го управувала возилото. Медиумите наведуваат и дека Хеч побегнала од местото на друга несреќа пред да удри со своето возило во гаражата. Наводно поминала низ знак за стоп и возела непрописно.

Актерката претрпела сериозни изгореници и била интубирана.

Хеч е позната по улогите во филмовите како „Психо“, „Дони Браско“ и „Седар Рапидс“, а меѓу 1997 и 2000 година беше во романтична врска со водителката Елен Деџенерис.

ФОТО: Јутјуб

Share This Article