Палестинската група Хамас денеска соопшти дека ослободила Американка и нејзината ќерка кои биле заложници во Газа по нападот на исламистите врз Израел на 7 октомври.
Воениот портпарол на групата во соопштение нагласи дека заложниците се ослободени „врз хуманитарна основа како резултат на посредништвото на Катар“.
Некои американски медиуми пренесоа дека жената се вика Џудит Раанан, а нејзината ќерка Натали.
Медиуми во Тел Авив цитираат израелски официјални лица кои појаснуваат дека одлуката на Хамас за ослободување на заложниците била направена еднострано и дека Ерусалим не понудил ништо во замена.