More

    Америка претстави нов, изменет предлог за примирје во Појасот Газа

    spot_img

    САД вчера на мировните преговори во Доха претставија нов, изменет предлог за примирје во Појасот Газа, но Хамас ги отфрли „новите услови“.

    Посредници на САД, Катар и Египет, без присуство на претставници на Хамас два дена разговараа за договор за прекин на огнот во Појасот Газа. Тие најавија дека преговорите ќе продолжат следната недела во Каиро.

    – Договорот никогаш не бил толку близок. Мислам дека имаме шанса – изјави синоќа претседателот на САД, Џо Бајден.

    Претходно, Стејт департментот соопшти дека државниот секретар Ентони Блинкен денеска ќе допатува во Израел во обид да „запечати договор“ за новиот предлог.

    Претставници на Хамас изјавија дека движењето ги отфрла „новите услови“ на Израел.

    Преговорите се засноваат на планот што го објави Бајден на 31 мај, а кој во првата фаза предвидува шестмесечно примирје и повлекување на израелските сили од густонаселените зони на Појасот Газа и ослободување на израелските заложници во замена за палестинските затвореници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img