Амбер Херд продаде куќа во Калифорнија

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Куќата што ја продаде актерката Амбер Херд, се наоѓа во гратчето Јука долина, карактеристично по пустинскиот пејзаж.

Порталот ТМЗ пренесува дека договорот бил склучен на 18 јули, а актерката заработила од оваа продажба. Кога ја купила во 2019 година, наводно платила 570.000 долари за куќата.

Откако ја загуби тужбата во која ја тужеше за клевета, Амбер Херд мора да му плати на Џони Деп 10,4 милиони долари.

Нејзиниот адвокат пред два месеца потврди дека актерката нема толку пари, а неколку недели потоа Херд е видена како купува во продавницата TJ Maxx, позната по поевтините цени.

Недолго по пресудата, дури беше покрената GoFundMe кампања за собирање пари со која Амбер Херд ќе му го исплати на Џони Деп она што му го должи, но таа акција набрзо беше прекината.

ФОТО: ЕПА

Share This Article