More

    Амбер Херд има помалку од 20 минути во филмот

    spot_img

    Објавен е првиот трејлер за филмот „Aquaman and the Lost Kingdom“, а спектаклот во кината се очекува на 21 декември.

    Филмот го следи Аквамен (Џејсон Момоа) додека тој се здружува со неговиот полубрат Орма (Патрик Вилсон) за да се бори против немилосрдниот пират Блек Манта, кој го игра Јахја Абдул-Матин Втори.
    Блек Манта сака да се одмазди за смртта на својот татко и нема да запре додека целосно не го уништи Аквамен. Овој пат Блек Манта е посилен од кога било, има голема митска моќ. Откако ќе го ослободи уништувачкото оружје, Аквамен мора да ја заштити Атлантида. Со оглед на тоа дека не може сам, тој се обраќа за помош кај својот полубрат, поранешниот крал на Атлантида.

    Филмот се фокусира на врската помеѓу Аквамен и неговиот брат и вклучува сцени од необјавен спин-оф базиран на Блек Манта. Покрај тоа што го наоѓа патот во улогата на спасување на планетата, Момоа се обидува да се најде и во улогата на татко. Се враќаат и актерите од првиот филм. Заедно со Џејсон Момоа, тука се и Амбер Херд, Јахја Абдул-Матин Втори, Патрик Вилсон и Никол Кидман.

    Улогата на Амбер Херд, чија кариера тргна во надолна линија поради контроверзниот развод со американскиот актер Џони Деп, беше под знак прашалник. Самиот филм привлече големо внимание бидејќи „Аквамен“ е првиот проект во кој Херд се појавува по разводот. Во текот на разводот, Амбер тврдеше дека студиото и ја намалило улогата, а сега се вели дека вкупното време на Херд во филмот е од 10 до 20 минути.

    Во јуни 2022 година, исто така, се шпекулираше дека студиото не ја повикало Херд за снимањето на продолжението и дека се во процес на повторно доделување на ликот на Меру. Херд негираше дека била исфрлена од проектот, но гласините беа потврдени кога тогашниот шеф на DC, Валтер Хамада, сведочеше во текот на судењето, каде што истакна дека размислувале да ја сменат актерката поради недостаток на хемија со главниот актер Џејсон Момоа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img