More

    Амбасадорски места за поранешни министри

    spot_img

    Поранешниот министер за локална самоуправа Горан Милевски ќе замине за амбасадор на Северна Македонија во Љубљана, Словенија, а ексминистерот без ресор задолжен за дијаспората Едмон Адеми ќе ја заземе амбасадорската позиција во Мадрид, Шпанија.

    Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска на брифинг потврди дека за нив се добиени и агремани од двете земји.

    Милевски до крајот на октомври годинава беше министер за локална самоуправа, кога на позицијата го замени поранешниот градоначалник на Скопје Ристо Пенов.

    Оставката од министерската функција тој ја поднесе кон средината на септември од, како што наведе тогаш, лични причини. Освен тоа Милевски се повлече и од лидерската позиција во Либерално-демократската партија (ЛДП) на која во ноември беше избрана пратеничката Моника Зајкова.

    Едмонд Адеми, пак, е од редовите на СДСМ. Во техничката влада во 2016 година беше советник на техничкиот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, а кога беше формирана владата на Зоран Заев во 2017 година стана министер без ресор задолжен за дијаспора. Претходно, има работено во Институтот за политички и економски истражувања „Либерта“, во Амбасадата на САД во Скопје итн.

    Засега останува нејасно што ќе се случува со поранешниот директор на АНБ Виктор Димовски кој требаше да замине за амбасадор во Париз, но по скандалот со државјанството за украинскиот олигарх Олександр Онишченко, неговото заминување е доведено во прашање. Министерот Османи најави дека ќе има консултации со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, по што ќе се донесе конечна одлука дали Димовски ќе оди на амбасадорска функција во Париз или не.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img