Амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андреев, беше погоден со црвена боја на годишниот настан на Денот на победата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андреев, беше погоден со црвена боја на годишниот настан на Денот на победата во чест на крајот на Втората светска војна, покажува видео објавено на Твитер.

Дипломатот и неколку случајни минувачи беа натопени со црвена боја додека Андреев се обидуваше да положи венец на гробиштата на советските војници во Варшава, пренесува Њузвик.

 

 

На видеото снимено кратко по инцидентот се гледа како лицето на Андреев е покриен со супстанцијата, а се гледа како тој се обидува да ја избрише течноста од очите. Амбасадорот потоа бил принуден да ја напушти областа во придружба на полициски службеници.

Денот на победата над фашизмот годинава предизвика разни реакции низ Европа во контекст на руско-украинската војна. Додека во Москва Путин имаше изненадувачи краток говор и беа откажани акробациите на авионите, во Киев сам по улиците шеташе Зеленски велејќи дека Украина нема да ѝ отстапи ни дел од својата територија на Русија.

Share This Article