Амбасадорката на САД упати апел за постизборно обединување

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

„И најсилните демократии не успеваат сами. Кога сме обединети сме посилни. САД се посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија“, порача меѓу другото вчера американската амбасадорка Анџела Агелер, на прославата на 248- годишнината од американската независност во Амбасадата во Скопје.

Во својот говор пред присутните, таа изјави дека и е чест да ги претставува САД во земјава и говореше за промените со кои се соочува светот, изборите што годинава се одржуваат во над 90 држави, за демократијата и потребата од нејзина заштита.

– Генерално, изборите се базираат на различни мислења, приоритети и индивидуални цели. Може да бидат тешки, но кога ќе завршат, императив е да се вратиме на она што еден од нашите најголеми претседател Абрахам Линколн го нарече „подобрите ангели на нашата природа“. Повторно да се обединиме како народ и да работиме за доброто на граѓаните. Ова важи овде како што ќе се применува во САД во ноември. Затоа, ви честитам Вам и на вашата Влада и  на сите што го правите ова, односно се потпирате на добрите ангели – рече Агелер.

Осврнувајќи се на демократијата и нејзиното значење, амбасадорката ја цитираше добитничката на Нобеловата награда за мир Марија Реса, која порача дека демократијата е кревка, дека треба да се бориме за секој нејзин дел, за секој закон, за секоја заштита, за секоја институција, за секоја сторија.

– Мора да знаете колку е опасно да го претрпите дури и најмалото ускратување. И денеска нејзините зборови имаат поголемо значење од кога и да е. Секаде околу нас гледаме свет кој се менува. Повеќе гласачи од кога било во историјата имаат право да гласаат во 2024 година во над 90 земји и во ЕУ, дури и во време кога војни и конфликти погодуваат милиони низ целиот свет. Сега се потсетив дека најсилните демократии не успеваат сами. Кога сме обединети сме посилни. САД се посилни и поблагородни затоа што имаме сојузници, пријатели и партнери како Северна Македонија – рече Агелер во обраќањето пред присутните на церемонијата.

Агелер денеска се огласи на платформата Икс, нагласувајќи дека имала прекрасна прослава на 248-годишнината од американската независност, со партнери и пријатели.

Share This Article