Руската амбасада во Франција вчера на Твитер објави, а потоа избриша, вулгарна карикатура насловена „Европската солидарност на дело“.
Оваа карикатура се појави повеќе пати од Русија. Прикажани се европските земји „легнати“ пред САД, кој е докторот и со шприц им вбризгува неонацизам, ковид-19, русофобија…
Деновиве францускиот сенат ја осуди кампањата за дезинформации што ја спроведува амбасадата на Русија во Франција во контекст на руската агресија во Украина.