More

    Амбасадата на САД во Скопје ја појаснува својата позиција

    spot_img

    Американската амбасада во Скопје во одговор до телевизија „Алфа“ појаснува дека „не презема никаква улога во преговорите и не диктира услови за каков било договор“ помеѓу македонската влада и било која американска приватна компанија во земјава.

    ,,Бехтел не е ентитет на американската влада и ова не беше договор на американската влада. Иако Амбасадата на САД не е вклучена во одредувањето на исходот од приватните инвестиции, поттикнувањето на економскиот развој и комерцијалното партнерство меѓу САД и Северна Македонија останува една од примарните мисии на Амбасадата.

    Амбасадата понекогаш служи како советодавен капацитет за деловната клима во Северна Македонија за американските компании кои сакаат да се прошират овде, но не презема никаква улога во преговорите или диктира услови за каков било договор. Прашањата за преговарачкиот процес и резултатите треба да се упатат до преговарачките страни” – се вели во одговорот на амбасадата на САД во Скопје за Алфа ТВ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img