More

    Алтернатива прашува што е со зетот во кабинетот

    spot_img

    Партијата Алтернатива го повика лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари да го повлече Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу, кој доаѓа од неговата партија, како што неодамна ветил.

    „Пред неколку дена Таравари рече дека ако се потврди дека Алију, го има вработено неговиот зет за шеф на неговиот кабинет, ќе се повлече самиот тој, или ќе го разреши министерот Алиу.

    Податоците на Министерството за информатичко општество и администрација покажуваат дека Дритан Даути е вработен како посебен советник – шеф на Кабинетот на министерот за информатичко општество и администрација.

    Бидејќи се покажува дека е точно, дека министерот Алиу го има вработено својот зет за шеф на неговиот кабинет, тогаш бараме од Таравари да си го одржи ветувањето и да даде своја оставка или пак да го разреши министерот Алиу.

    Исто така бараме од Комисијата за Антикорупција да отвори предмет за овој јасен случај на непотизам.

    Ваквите случаи на фамилијарно вработување за жал придонесуваат на директен начин во заминувањето на младите од земјата, заминувањето на професионалците бидејќи тие гледаат дека непотизмот продолжува да цвета во нашата земја.

    Една партија која влезе во владата тврдејќи дека поинаку ќе владее, се гледа дека многу брзо ги има целосно превземано формите на владеење на нивниот партнер ДУИ, кои се шампиони за непотизам.

    Доволно е да се види изразот на лицето на министерот Алиу на прашањето дали го има вработено неговиот зет како шеф на кабинетот за да стане јасно во какво дереџе е падната Алијансата за Албанците“ – се вели во соопштението на Алтернатива.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img