„Алкалоид“ одржа обука „Развој на лидерството“

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На првиот успешно реализиран алкалоидов настан „Развој на лидерството“, менаџерските тимови од земјава и од странство имаа можност да се запознаат со најновите трендови за јакнење на клучните лидерски вештини низ развој заснован на вредности и на ефектно донесување одлуки.

По воведното обраќање на генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД, Живко Мукаетов, говорници на настанот беа еминентни светски експерти од областа: Хари Крамер, поранешен извршен директор на „Бакстер интернешанал“, автор, професор и извршен партнер во „Келог школа за менаџмент“, и Оливие Сибони, поранешен сениор партнер во „МекКинси & компани“, француски консултант, академик и автор, професор на „ХЕК Париз“.

Наменет за менаџерскиот тим на „Алкалоид“ во земјава и во ентитетите во странство, овој настан е уште еден доказ за целосната посветеност на компанијата за јакнење на лидерските способности и за инвестирање во професионалниот раст и развој на својот менаџмент.

Share This Article