„Алкалоид“ награден за најтранспарентно котирано Акционерско друштво за 2023 година

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

На церемонијата за доделување на годишните награди на Македонската берза за 2023 година за котираните компании, за членките на Берзата и за другите субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност, која се одржа на 21.12.2023 година, Алкалоид АД Скопје е добитник на престижната награда за Најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2023 година по избор на медиумите.

Признанието што го освојува Алкалоид по 11. пат во изминатите години ги потврдува највисоките стандарди на корпоративно управување во компанијата. Тоа е уште еден доказ за исклучителната посветеност на транспарентноста во работењето и за високиот квалитет на комуникацијата која ја одржува компанијата со сите засегнати страни (инвеститори, институции, медиуми и јавноста во целина).

Покрај ова, Алкалоид е добитник на уште една награда, и тоа за Акција на годината за 2023 година, во согласност со гласовите на пошироката јавност, врз основа на заедничката анкета на Берзата и на порталот „Фактор“.

Непоколебливата решителност за транспарентно работење се рефлектира и во сите позитивни перформанси на компанијата. Цврсто посветени на остварувањето на моделот за одржлив раст и развој на Алкалоид, притоа обезбедувајќи јасна предвидливост на очекувањата на пошироката заедница и на сите засегнати страни, овие принципи ќе останат во сржта на целокупното работење додека компанијата продолжува да ги зајакнува и да ги проширува овие аспекти во годините што следуваат.

Share This Article