Абдилфета Алими, осудениот на 6 години затвор за настаните од 27 април, денеска излезе од затвор.
На излегување рече дека слободата е скапа, но изрази загриженост за пријателите кои ги оставил во затвор, за кои рече дека се невини како него.
На излезот од затворот го пречекаа членовите на неговото блиско семејство, а присутен беше и поранешниот претседател на АА, Зијадин Села, кој настанот го снимаше во живо на Фејсбук.
– Во добра здравствена состојба сум, му благодарам на моето семејство, на моите соселани, на сите Албанци за поддршката, особено на мојот пријател Зијадин Села кој во секој момент ми го вардеше грбот. Ви благодарам вам и на медиумите што ме поддржувате. Слободата е скапа, тука поминав многу време. Годините овде не беа лесни, но со божја помош ги поминав – рече Алими.
Во меѓувреме, Села уште еднаш повтори дека на Абдилфетаи му го должи животот и дека сега му е брат.
– Реков дека од 27 април ми е додаден пријател, брат, член на семејството. Денес помагам како член на семејството, се чувствувам слободен како што се чувствува Фетаи. Денешниот ден го нарекувам еден од нормалните денови, кој одамна го немам видено. Се чувствувам горд на непобедливоста и машкоста на Фетаи, овој човек никогаш не се понижи – рече Села.
Во меѓувреме, синот на Абдилфетаи изјави дека се чувствува и среќен и возбуден во исто време.