More

    Алијанса за Албанците се оградува од Владата во врска со Отворен Балкан

    spot_img

    Претстедателот на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари, го изрази својот став и на партијата со која раководи, во врска со Отворен Балкан, иницијатива која, според неговото лично видување и мислење, неодамна ја напушти владата на Република Албанија.

    „Сакам да ги уверам граѓаните дека Алијансата за Албанците се оградува од секоја нова иницијатива на Владата на Република Северна Македонија во рамките на веќе прекинатиот механизам познат како Отворен Балкан“, напиша Таравари.

    Тој оценува дека со излегувањето на Република Албанија од Отворен Балкан, овој механизам станал бесмислен и нелегитимен.

    „Дупликативните и неинклузивните механизми кои создаваат Западен Балкан со две брзини, не му помагаат на интегративниот дух во регионот. Патот напред е јасен: веќе потпишаните договори во рамките на Отворениот Балкан мора да бидат целосно интегрирани и имплементирани во рамките на Берлинскиот процес, почнувајќи од октомврискиот самит во Тирана“, е ставот на Таравари и на неговата партија.

    На почетокот на месецов, при својата посета во Македонија, на заедничка пресконференција со премиерот Димитар Ковачевски, Еди Рама од новинарите беше запрашан дали ја смета иницијативата за завршена. Тој одговори:

    – Не е моја вина доколку вие тоа сакате да го гледате како живот или смрт. Не е живот или смрт! Што е Отворен Балкан? Една од 72 иницијативи. Зошто беше преземена? Поради тоа што Берлинскиот процес имаше застој, не се движеше. Што донесе? Фантастични работи кои се реалност на луѓето кои ги користат договорите на Отворен Балкан за да тргуваат, се движат – рече Рама.

    Рама тогаш рече и дека доколку би имал можност да се врати назад, иницијативата Отворен Балкан би ја почнал 1.000 пати.

    Вчера српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека е убедена дека иднината на иницијативата „Отворен Балкан“ е светла и дека на иницијативата ќе се приклучат и други од регионот. Таа вели дека не верува дека Еди Рама е против иницијативата.

    – Без оглед на одредени изјави, а не верувам дека премиерот на Албанија, Еди Рама, е против иницијативата „Отворен Балкан“. Мислам дека и тој зборуваше за тоа. на последната прес-конференција за претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Значи, верувам дека иднината на оваа иницијатива е светла и безбедна – рече Брнабиќ во заедничкото обраќање со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img