Алесандра Амбросио на одмор покажа костим за капење кој ќе биде хит ова лето
Манекенката Алесандра Амбросио на одморот во Мексико покажа пар сандали кои летово ќе ги носат речиси сите модерни девојки.
Како и многу други познати личности, така и манекенката Алесандра Амбросио го започна јануари на најдобар можен начин – замина на одмор.
Овој пат таа реши да замине на патување во Мексико, каде деновите ги поминува на плажа и ужива во слаткото ветре и друштвото на својот достоен партнер.
Алесандра покажа и прекрасен едноделен костим за капење во Мексико, кој за кратко време беше забележан, со што покажа каков моден тренд ќе преовладува во наредната сезона.
Интензивните принтови и бохо-стилот се вратија во мода, па Алесандра ги избра своите костими за капење од големите модни куќи, кои секако добро го знаат тоа.