Српската фолк пејачка Александра Пријовиќ каде и да се појави блеска, а својата завидна фигура ја покажа на настан во Белград.
По три белградски Арени и три сараевски Зетра, пејачката се подготвува за напад на пет загрепски Арени на почетокот на декември.
Популарната пејачка неодамна се појави на промоција на новите козметички производи со потписот на брендот зад кој стои Лепа Брена, пишува ЦДМ.
Александра Пријовиќ Прија е во брак со Филип Живојиновиќ (син на Боба Живојиновиќ) и токму нему, како што вели, му должи благодарност за сето она што го постигнала.
Пејачката на промоцијата на Брена се појавила во тесни фармерки и проѕирно боди, па нејзините облини дошле до израз.
„Јас сум сега во добра форма и сè што ќе облечам убаво ми стои. Филип сака да ме гледа во вакви изданија, кој маж не сака“, со насмевка изјавила Пријовиќ за српските медиуми.