More

    Александра Јанева ја објави навредливата порака

    spot_img

    Поп-пејачката со моќен вокал Александра Јанева минатата недела објави нова песна со наслов „Глумиме“.  Песната настанала откако Александра добила навредлива порака пред извесен период.

    „Секој пејач кој често настапува во живо знае дека очите на публиката се постојано вперени во него и секој негов чекор буди најразлични чувства и поделени коментари кај нив. Инспирацијата за „Глумиме“ дојде после една необична порака која ја добив во инбокс, од лажен профил. Се насмеав на пораката и првото нешто што ми дојде на памет беше колку им е забавно на поединци да ѕиркаат во туѓи животи. И така почнав да си реплицирам, со рефрен за нова песна. Инаку за неколку дена и јавно сакам да ја објавам пораката која ја добив, сметам дека мојата публика треба да го види тоа“, рече тогаш Јанева.

    Според бројките на социјалните мрежи и коментарите на публиката, песната по сѐ изгледа ќе биде уште еден голем хит во нејзиното богато музичко портфолио.

    Александра сега ја објави пораката на својата инстаграм-приказна и откри од каде потекнуваат стиховите во нејзиниот рефрен: „Сите можеме да глумиме и туѓи животи да судиме, но каков живот имаш ти, кажи ми?“.

    „Те слушам во интервјуа се правиш пејачка јака, ау… пееш на плочки у мрак. Бар стави некоја гајба поткачи се девојко“, гласи навредливата порака што ја добила Јанева.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img