Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска донесе указ за распуштање на Народното собрание и распиша парламентарни избори за 17 декември годинава.
„Врз основа на член 109 од Уставот на Србија, на образложен предлог на Владата од 30 октомври донесувам уредба за распуштање на Народното собрание. Донесувам одлука да распишам избори за пратеници за 17 декември“, рече Вучиќ.
Тој истакна дека посакува среќни избори и дека на сите учесници им посакува добар резултат во презентирањето на нивните идеи и цели.
Кампањата е можност цивилизирано пред граѓаните да се презентираат различни идеи и програми кои треба да се натпреваруваат, но не и да ги загрозуваат нашите национални интереси“, рече Вучиќ.
Претходно, претседателот на Народното собрание на Србија, Владимир Орлиќ, распиша локални избори во 65 градови и општини, исто така за 17 декември, објавија српските медиуми.