More

    Александар Ѓорчевски негирал дека имал улога во злосторството

    spot_img

    Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, денеска повторно даде исказ пред обвинител, потврдуваат од Обвинителството.

    Според извори во обвинителството, тој сè уште негира дека е инволвиран во грабнувањето и убиството на неговата ќерка.

    Судија на претходна постапка вчера му одреди на Александар Ѓорчевски 48 часовен притвор како осомничен дека учествувал во киднапирањето на неговата ќерка, односно дека на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палчо тој му давал информации за движењето на Вања и за нејзините дневни рутини.

    Иако Ѓорчевски до сега нема признаено вина, другите тројца обвинети, кои веќе се во притвор, пред обвинителството кажале дека тој бил лицето кое ги давало информациите.

    Денеска завршија обдукциите врз телата на 14-годишната Вања и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, а телата се предадени на семејствата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img