Белорускиот суд денеска го започна судењето на затворениот активист за човекови права Алеш Бељачки, кој оваа година ја подели Нобеловата награда за мир со групите за човекови права во Русија и Украина.
Бељачки и уште двајца активисти од Центарот за човекови права „Весна”, кој тој го основаше, се соочуваат со затворска казна до 12 години доколку бидат осудени за финансирање антивладини протести.
Тие беа уапсени за време на протестите во 2020 година против реизборот на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ја потиснуваше опозицијата и се пресметуваше со независните медиуми.
Обвиненијата на судењето се поврзани со тоа што Центарот за човекови права „Весна” им давал пари на политичките затвореници и помагал во плаќањето на нивните судски трошоци.