More

    Алејна Олмез, која беше спасена од урнатините по 248 часа: Не сакав да се откажам

    spot_img

    Седумнаесетгодишната Алејна Олмез беше спасена од урнатините 248 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија, јавува Анадолија.

    Таа беше спасена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.

    Таа моментално се наоѓа на лекување во болница во Анкара, а во средата ја посети турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине.

    Таа е среќна поради посетата на претседателот и првата дама на Турција.

    „Нашиот претседател дојде во посета, се чувствував добро, се чувствувам горд. Убаво е чувството да се има толкава поддршка“, изјави Алејна.

    Чудо во Турција: Екипи слушнале глас под урнатините, спасена е 17-годишната Алејна

     

    Како што рече, поминала низ тежок период.

    „Се борев, не сакав да се предадам. Сите ми даваа голема поддршка и ми помогнаа. Ви благодарам многу за се“, изјави Алејна.

    Нејзината тетка Ѓулер Думан рече дека е среќна што Алејна била спасена од под урнатините.

    „Не очекувавме дека тоа ќе се случи, но кога излезе Алејна беше чудо за нас. Доживеавме и радост и тага во исто време“, рече Думан, кој им се заблагодари на сите, особено на лекарите кои се грижеа за Алејна.

    Алејна беше извлечена по 248 часа: Нејзината состојба ги остави лекарите во страв

     

    Откако Алејна беше извлечена од урнатините, д-р Џенгиз Дилбер рече дека е неверојатно што таа е во толку добра здравствена состојба со оглед на тоа што била под урнатините 248 часа.

    „Бевме изненадени што нејзините телесни функции се добри и што функцијата на бубрезите не и е влошена. Тоа е неверојатна работа. Нејзината здравствена состојба е многу добра. Секако дека има трауми“, изјави тогаш Дилбер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img