Здружението на поранешни политички затвореници поддржано од повеќе политички партии денеска преку протест пред српската амбасада во Скопје го изразија својот револт од последните случувања на северот на Косово, објави Тетовасот.
– Вучиќ да не заборави дека Албанците имаат јазик, историја и знаме што ќе го бранат до крај. Бараме КФОР и ЕУЛЕКС да дејствуваат во зачувување на суверенитетот, слободното движење во соработка со војската и полицијата на Косово – изјави Шпетим Положани, претседател на Здружението на поранешни политички затвореници.
Тој додаде дека Вучиќ ги користи косовските Срби како алатка за да остане на власт што е можно подолго.
– Дури и оваа грда копија на Путин оди по неговите стапки, тој ги користи и косовските Срби како алатка за да остане на власт во време кога српската опозиција е се погласна и посилна од ден на ден – рече Положани.