Црна шега за Владимир Путин и неговиот доскорешен соперник Евгениј Пригожин раскажа албанскиот премиер Еди Рама минатата недела на стратешкиот форум на ЕУ во Блед во Словенија, а присутните силно се засмеаја. На форумот учествуваа претставници од речиси сите балкански земји.
– Не знам дали сте слушнале дека Русија сака да ги обедини своите временски зони, бидејќи има девет часа разлика меѓу двата краја на земјата – почна Рама во негов стил.
Во вицот на Рама се вели дека дека премиерот на Русија побарал од претседателот Путин да го реши овој проблем. Тој на Путин му се пожалил:
– Имаме проблем. Моето семејство беше на одмор, им се јавив да им посакам добра ноќ, но веќе беше утро. Му се јавив на Олаф Шолц да му честитам роденден, но тој рече дека ќе му биде роденден следниот ден. Му се јавив на Си Џинпинг да му честитам Нова Година, но тој ми рече дека кај нив е уште старата година.
А на ова Путин му одговара:
– Да, па тоа ми се случи и мене. Се јавив на семејството на Пригожин да му изразам сочувство, но авионот сè уште не полетал.