More

    Албанскиот премиер, Еди Рама, денеска објави дека владата одлучила да ја блокира платформата Тик Ток, на период од една година

    spot_img

    Албанскиот премиер, Еди Рама, денеска објави дека владата одлучила да ја блокира платформата Тик Ток, на период од една година. Забраната на социјалната мрежа следува по убиството на тинејџер во декември минатата година, кое ја зголеми загриженоста за влијанието на социјалните мрежи врз децата.

    На средба со родителите и наставниците околу новиот план за мерки за безбедност во училиштата, Рама рече дека веќе е направен план за конкретни мерки за блокирање на Тик Ток.

    – Ги направивме сите наши истражувања од технолошката страна. Ќе ни требаат 6 до 8 недели, почнувајќи од почетокот на следната година, и за 1 година целосно ќе го затвориме Тик Ток за сите. Во Република Албанија повеќе нема да има Тик Ток. Потоа во текот на оваа година ќе видиме какви мерки ќе преземат другите земји или како може да реагира самиот Тик Ток. Тоа е наша должност – рече Рама.

    Тој искажа целосна поддршка за министерката за образование, Огерта Манастирлиу, додавајќи дека „како што го подобрил здравствениот, така ќе го подобри и образовниот систем“.

    Презентирајќи го новиот акциски план, иницијатива на Министерството за образование за зголемување на безбедноста во училиштата, министерката Манастирлиу истакна дека овој чекор е дел од пакетот мерки што го развиваат Националната управа за сајбер безбедност и Националната агенција за информатичко општество.

    Според неа, забраната за Тик Ток е мерка поврзана со напорите да се зголеми физичката и дигиталната безбедност во училиштата и да се заштитат децата од негативните ефекти на социјалните мрежи.

    Албанија е прва земја во регионот која ја блокира платформата за кратки видеа Тик Ток, во сопственост на кинеската интернет компанија БајтДенс.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img