More

    Албански политичар уапсен за грабеж во домот на Бензема

    spot_img

    Високо позициониран албански политичар тесно поврзан со Владата на Албанија е уапсен минатата недела во заедничка акција на локалната полиција и Интерпол под обвинение за вмешаност со серија кражби во Шпанија, меѓу кои и во домот на фудбалерот на Реал Мадрид, Карим Бензема.

    Уапсениот Алфред Продани се товари дека бил дел од албанска криминална група, која извршила грабеж во домот на Бензема во Мадрид, за време на дуелот меѓу Реал и Барселона одигран на 27 февруари пред три години.

    Бензема не бил единствена жртва на грабеж и според шпанскиот весник „Ел Периодико“, криминалната група поврзана со Продани е одговорна за најмалку 40 кражби ширум Шпанија.

    Според медиумите, постојат голем број докази за инволвираноста на групата и Продани и мали се шансите дека станува збор за грешка во истрагата.

    Продани, кој девет години извршуваше директорска функција во јавно претпријатие во албанскиот регион Курбин, се очекува тој наскоро да им биде екстрадиран на властите во Шпанија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img