Албанската полиција во Тирана уапси пет лица за трговија со дрога, меѓу кои и пратеникот во косовскиот парламент Бесник Мујечи

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Албанската полиција во Тирана уапси пет лица за трговија со дрога, меѓу кои и пратеникот во косовскиот парламент Бесник Мујечи. Мујечи е парламентарец од владејачката партија Самоопределување, чиј шеф е косовскиот премиер Албин Курти.

Полицијата соопшти дека уапсените се фатени со 11.300 таблети екстази чија вредност достигнува 400.000 евра. Во полициската акција со кодно име „Панишер 2“, покрај Мујечи, уапсени се и Митхат Рамадни, исто така од Косово и Калем Пицари, Даниел Авдија и Амбра Мфтари.

„Истрагата утврди дека овие граѓани, искористувајќи го екот на туристичката сезона, пратките ги префрлале на автобуските линии Приштина-Тирана. Откако пратките пристигнале во Тирана, со изнајмени автомобили биле превезувани во Тирана и други градови, претежно на крајбрежјето“ – се вели во соопштението од полицијата.
Арлинд Манџука, портпарол на партијата Самоопределување на Курти, потврди дека за Мујечи е покрената дисциплинска постапка, но дека конечната одлука ќе биде донесена на состанок на раководството на партијата.

– Според добиените информации веднаш поведовме дисциплинска постапка. Ќе се одржи итен состанок за постапување по предметниот случај. По средбата ќе ве известиме за одлуката – изјави Манџука за Telegrafi.com.

Share This Article