Албанската пејачка Ава Макс (29) синоќа настапи во Лос Анџелес, кога беше нападната од непознат маж од публиката. Младиот човек се качил на бината и ѝ удрил шлаканица на пејачката, а обезбедувањето веднаш го отстранило од концертот.
На Твитер се појави видео од инцидентот на кое се гледа како маж ја удира Ава во глава, но таа продолжува да пее.
Ава Макс се огласи по концертот и откри дека од ударот се здобила со повреда на окото.
Пред само два дена, уште една пејачка со албанско потекло, Бебе Реџа, на настап во Њујорк беше погодена со телефон во главата, откако покажа двоглав орел, симболот на Голема Албанија.
Реџа тогаш итно го прекина концертот и заврши во болница, со три преврски на главата.