More

    Албанија има највисоко ниво на имиграција во регионот

    spot_img

    Во последната деценија, односно во периодот од 2014 до 2024 година, само преку легална емиграција, од Албанија заминале повеќе од 478.000 граѓани. Но, реалниот број на оние кои ја напуштиле земјата е многу повисок ако се земе предвид илегалната имиграција, објави весникот „Тема“.

    Најпосакувана дестинација и понатаму е Германија, по што следуваат Франција, Италија и Велика Британија.

    Континуираното и незапирливо иселување, особено во последните години, констатира весникот, предизвикало силни последици во општествениот и во економскиот живот на државата, оценувајќи дека она што посебно загрижува се високите стапки.

    Според податоците на Европскиот институт за статистика, Албанија има највисоко ниво на имиграција во регионот. Додека земја со најниско ниво е Црна Гора.

    „Како причини што ги принудуваат Албанците да емигрираат се наведени семејните причини, а потоа вработувањето. Причините за подобро работно место станаа поинтензивни во последните години. На трето место е потребата од поквалитетно образование. Но, иселувањето на високо ниво, особено на младите, има последици за земјата“, наведува „Тема“.

    Тоа се согледува во намалувањето на бројот на населението кое предизвикува недостиг на работна сила на пазарот на трудот, а и ги намалува потрошувачката и продуктивноста на економијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img