Албанија го презеде претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации, иако без право на глас, а премиерот Еди Рама ќе претседава со седницата на 20 септември, потврди амбасадорот на земјата во ОН, Ферит Хоџа.
Рама во средината на месецот ќе отпатува за Соединетите Американски Држави, заедно со претседателот Бајрам Бегај и министерката за надворешни работи Олта Џака, со цел да учествува во работата на Генералното собрание на ОН и придружните форуми, пренесува Reporteri.net. .Порталот пренесува дека на 14 септември Олта Џака ќе учествува на состанок во Њујорк во врска со формирањето мрежа за хуманитарна помош, додека Бегај ќе зборува во име на Албанија на Генералното собрание на ОН на 21 септември.