Аларм во амбасадата на САД во Лондон

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Американската амбасада во Лондон накратко беше превентивно во „локдаун“ денеска наутро, а на персоналот му беше кажано да се оддалечи од прозорците, објави „Ивнинг стандард“.

Имаше безбедносно предупредување по пријава за сомнителен предмет што бил оставен во близина, соопшти Метрополитен полиција, но се покажало дека станува збор за лажна тревога.

Инцидентот во меѓувреме е разрешен.Амбасадата на Твитер објави: „Амбасадата на САД се врати на нормалното деловно работење. Локалните власти истражија и расчистија сомнителен пакет пред Амбасадата“.

На посетителите им се заблагодари за нивната „соработка и трпение“.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article