Мис Венецуела Аријана Виера (26) загина во сообраќајна несреќа, а се претпоставува дека заспала на воланот, по што удрила во задниот дел на друго возило.
Виера живееше на Флорида и требаше да ја претставува својата земја Венецуела на изборот за Мис Латинска Америка 2023 година во Доминиканската Република во октомври.
Несреќата се случила во Орландо на 13 јули, изјавила нејзината мајка Вивијан Очоа, објави Дејли мејл.
Таа тврди дека нејзината ќерка била преуморна и заспала на воланот пред да удри во возилото пред неа. Како што пријавила, Брзата помош двапати ја оживеала, но таа починала на пат кон болница. Мојата девојка заспа, беше уморна“, рекла нејзината мајка.
Во моментот на несреќата, венецуелската манекенка се подготвувала да учествува на избор за убавина во Њујорк.