Акциска контрола во Битола, одземено злато без соодветен жиг

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
На 02.11.2022 во периодот од 11.30 до 15.00 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола и Полициската станица од општа надлежност Битола во координација со Државен пазарен инспекторат и Управа за јавни приходи, како и Секторот за економски криминал и корупција при МВР спроведоа акциска контрола врз 14 правни субјекти кои се занимаваат со продажба, откуп и изработка на златен накит на подрачје на Битола.
При контролата, од страна на УЈП се констатирани неправилности во однос на обврските кои произлегуваат од Закон за готовински плаќања, а од страна на Државниот пазарен инспекторат се пронајдени и одземени 240 грама злато и златен накит без соодветен жиг од вкупно четири правни субјекти. По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Share This Article