More

    Акцентот ќе биде на дигитализацијата и транформацијата на општеството

    spot_img

    Дигитална трансформација, зајакнување на претприемничките капацитети, иновации во функција на поголема конкурентност, холистички пристап преку примена на ESG (environment, society, governance) стандардите, се дел од темите кои ќе бидат во фокусот на годинешниот Самит на Македонија 2025. На овој престижен регионален настан кој претставува платформа за споделување знаење, поврзување и поттикнување промени во регионот, ќе присуствуваат повеќе од 40 говорници, врвни експерти во својата област. На Самитот ќе се разговара за регионални и за глобални теми, меѓу кои се и стратешкото лидерство и ChatGPT. Дел од панелите ќе бидат посветени и на значењето на СТЕМ образованието во процесот на градење просперитетна економија која напредува со иновации и креативност, како и на трендовите за здрав живот и навики.

    Самитот ќе се одржи во Скопје на 26 и 27 април годинава и се очекуваат околу 400 учесници, кои освен што ќе ги слушнат излагањата на панелистите, ќе имаат и уникатна можност за вмрежување со исклучителни професионалци и остварување на нови партнерства и соработка со потенцијални инвеститори. Во насока на унапредување на овој сегмент, Македонија 2025 има подготвено платформа за просперитетна иднина, која нуди основа за обединување на сите засегнати страни и усогласеност на клучните приоритети за долгорочен развој и за подобра иднина на Македонија и на регионот.
    Дел од говорниците на Самитот ќе бидат: Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Македонија, Роберт Доар, претседател на Американскиот институт за претпријатија, Кетеван Бочоришвили, поранешен заменик министер за економија и одржлив развој на Грузија и управен партнер на „Бизнис Грузија“, Кам Бакнер, претставник на државата Илиноис, поранешен кандидат за градоначалник на Чикаго, Тед Саудер, поранешен член на менаџментот на Google, Никола Јуришиќ, основач и управен партнер во Transfiguration Advisory, Иван Артуковиќ, извршен директор на Франк, Живко Мукаетов, извршен директор и претседател на Управниот одбор во Алкалоид, Вал Јусуфи, извршен директор на Институтот ЛЕОРОН, Бранко Станчев, главен комерцијален директор во Македонски Телеком АД, Гурудут Банавар, научен и технолошки иноватор, претприемач, инвеститор и хуманист, Сурав Синха, партнер и раководител за стратегија во Longevity Vision Fund, Никола Велковски, ко-основач и извршен директор на Howitzer и многу други истакнати личности во повеќе области. Повеќе информации за учество на Самитот се достапни на официјалната веб-страница: https://www.macedonia2025.com/summit/.

    Пред официјалниот почеток на Самитот, на 25 април 2023, Македонија 2025 ќе организира и неколку дополнителни активности во соработка со претседателот на Македонија и со Стопанската Комора на Северна Македонија.

    Самитот на Македонија 2025 годинава се одржува по 12-ти пат, а го организира меѓународната невладина организација Македонија 2025, чија главна мисија е креирање и унапредување на динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, економијата, технологијата, лидерството и иновациите, во насока на поттикнување на економски развој и одржливост.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img