More

    АКТИВНОСТИ ЗА САНАЦИЈА НА СПОМЕНИКОТ НА А. ДЕН ДОЛАРД ВО ХОЛАНДСКИОТ ПАРК

    spot_img

    По налог на Одделението за култура при Општина Охрид, екипи на ЈП „Градски Гробишта“ започнаа активности за санација на споменикот на писателот А. Ден Долард вo холандскиот парк, што се наоѓа на кејот „Македонија“ на брегот на Охридското Езеро.

    Општинските служби во неколку наврати и претходно го санираа спомен-обележјето на холандскиот писател, кој беше оштетен од надворешни влијанија и вандалско однесување на несовесни граѓани. Дополнително овој споменик беше оштетен од невремето кое го зафати Охрид минатиот месец.

    А. Ден Долард е еден од најзначајните холандски писатели, инаку голем пријател на Охрид. Токму неговите дела, во кои пред повеќе од половина век писателот пишуваше за убавините на Охрид и регионот, беа причина за големиот интерес што се појави кај холандските туристи да го посетат Охридското Езеро.П осле неколкудецениски прекин поради случувањата со распадот на поранешната заедничка држава, туристите од Холандија повторно се меѓу најбројните странски гости кои летуваат на Охридската ривиера.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img