Милош Биковиќ, еден од најпознатите српски актери, на почетокот на оваа година стана татко.
Со својата избраничка Ивана Малиќ доби син, која решија да ја крстат Василије.
Најновата фотографија на профилот на Инстаграм на актерот покажа како тој ужива во својата најголема и најубава улога досега – улогата на татко. Како што напишал во описот на прекрасната фотографија, Милош сакал да ја постави бидејќи во Русија се слави Денот на татковците.
– Во Русија денеска се обележува Денот на татковците. (Оној долу на сликата е татко на овој горе) – навел шеговито во свој стил, како и секогаш.
Фотографијата не открива многу, освен како Биковиќ си игра со синот и го држи над себе, додека во позадина се гледа базенот и зајдисонцето. Но, иако не му се гледа ниту лицето, а ниту на бебето, оваа фотографија доволно ја покажува – љубовта на таткото и синот, родителот и детето.
Во коментарите, неговите следбеници му честитаат и на руски и на српски јазик на овој посебен ден.