Холивудскиот актер Том Хенкс (66) е фотографиран на излегување со сопругата Рита Вилсон. Парот се шетал во Малибу кога ги забележале папараците. Том и Рита оделе на локална скара.
Том бил облечен во бела поло маица и кратки панталони, со капа на главата, додека Рита носела темно сина маица и црно здолниште. Актерот со своите најнови фотографии привлече големо внимание бидејќи е видно послаб.
Не е познато дали здравствените проблеми се причина за послабата фигура на Хенкс или, пак, се работи за нова улога.
Рита и Том во 2020 година се разболеа од ковид-19 и јавно ставија до знаење дека болеста ги оштетила нивните организми. Том извесно време престојуваше и во болница.
Двојката е во брак од 1988 година и важат за еден од најдолговечните холивудски парови. Нивниот брак никогаш не бил предмет на озборувања или скандали. Тие имаат две деца, а Том има уште две деца од првиот брак со Саманта Луис.
ФОТО: Инстаграм